Комбинации како создадени за летни прошетки покрај море

Понеделник, 29 Јуни 2020 19:45

Секое годишно време си има свои убавини, но мнозинството се согласуваат дека најубави се летните прошетки. Што ќе облечете ова лето кога температурата ќе достигне горна граница на вашата издржливост?

Првото нешто што сигурно паѓа на памет се костимите за капење. Се согласуваме, колку помалку, толку подобро. Горните делови на костими за капење можат да бидат многу привлечни и функционални и навистина можат да послужат како замена за горен дел. Сепак, што е со долниот дел? Дури и кога одите на плажа, се чувствувате поудобно ако носите нешто друго освен долниот дел од костимот за капење, нели?

Здолништа на преклоп

Најинтересна летна варијанта на лелеавите здолништа. Им одговараат на сите и се совршени за комбинации со елегантни горни делови на вашето бикини. Принтовите се особено популарни оваа сезона, а меѓу нив најмногу се издвојуваат тропските и ботаничките. Секако има неизбежни шарени дезени, како и здолништа во бохо духот кои носат доза на шарм.

Панталони

Не мислиме на класичните тесни панталони, кои можат да го расипат впечатокот, туку сосема спротивното, лесен, летен, лелеав. Памук или лен е совршен за сите форми на дневни и вечерни излегувања. Колку пошироки се ногавиците, толку е поудобна облеката за време на носењето - имајте го предвид тоа. Летните панталони со високи половини се особено популарни оваа сезона, како и шарени дезени.

Ако сте во дилема каква облека за долниот дел да изберете ова лето биле кратки прошетки или одење на море, имаме идеални комбинации за вас. Погледнете ја нашата галерија и побарајте ја вашата инспирација.

Летен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стилЛетен стил