Скоро и да нема девојка што не се замислувала себеси во улогата на Снежана, Пепелашка, Ариел, Покахонтас, Бела и други убавици на Дизни. Слушајќи ги животните приказни на овие храбри девојки пред спиење, скоро сите во соништата ги замислувале авантурите низ кои поминале и секако принцовите на бел коњ, кои доаѓаат да ги освојат нивните срца.
Ако сте љубител на цртаните филмови на Дизни, ќе ви се допадне нашата денешна тема. Познатата модна куќа Allure Bridal најави соработка со компанијата Дизни и создавање на многу импресивна колекција. Тоа е необична линија на венчаници инспирирани од хероините на Дизни. Насловена како „Колекцијата свадби од бајките на Дизни“, секој фустан е приказна за себе, и навистина го одзема здивот. Цената е исто така импресивна и се движи од 1.200 до 10.000 долари. Креациите ќе бидат изработени од тул, органза, чипка и шифон. Во соопштението за колекцијата се објаснува дека на овие венчаници ќе бидат прикажани прекрасни сложени детали, како што се кристалното монистрирање и бисерите.
Сензационални, женствени и шарени како убавиците кои служеа како инспирација за нивно изработување, овие венчаници се всушност остварување на соништата на девојчињата, и детал што и недостасува на свадбата од бајките. Можеби токму некој од нив ќе биде оној што ќе сакате да го носите на вашата свадба. Погледнете ја нашата галерија.