Изложба на Hermès Birkin чанти изработени од камени скулптури

Среда, 17 Јуни 2020 13:01

Барбара Сегал е артистка која живее во Њу Јорк изразувајќи ја својата уметност преку резбање камен и обработка на мермер. Својата едукација ја стекнува во Њу Јорк, Париз и Италија, која редовно ја посетува и од каде што ги снабдува камењата кои ги користи за своите изработки. Ситно мозаичните подови на Европските цркви имале големо влијание на нејзиниот уметнички печат по кој е денес препознатлива. Има своја работилница каде што го пренесува знаењето на младите Њујорчани кои ја препознаваат нејзината пасија.

Моментално е актуелна со цела колекција скулптури инспирирани од глобално познатите Hermès Birkin чанти. Изработени се до најмали детали верно на оригиналните, па не е ни чудо со каков интерес одекна веста низ светските медиуми.

Женска ташна од каменЖенска ташна од каменЖенска ташна од каменЖенска ташна од каменЖенска ташна од каменКамен
 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Barbara Ségal (@barbarasegal) on