Кој би знаел дека кардиганот може да го запали интернетот? Шарениот кардиган на Хари Стајлс предизвика тренд на „ТикТок“ уште во јули, додека смарагдно-зелениот плетен кардиган од дизајнерот Том Браун, кој се појави во селфито на Тимотеј Шаламет, предизвика порој на емоџи на социјалните мрежи.
Додека пак принцезата Дијана имаше навидум неограничено снабдување на шарени пуловери, најпознат беше нејзиниот црвен џемпер со бели контрастни извезени овци, како и оној на дизајнерската куќа Gyles&George, со натпис „I'm a Luxury“. Првиот сега е дел од постојаната колекција на музејот Викторија и Алберт. Принцезата Дијана го носеше џемперот во 80-тите, а многумина шпекулираа дека осамената црна овца од предната страна означува дека Лејди Ди се чувствува како аутсајдер во кралското семејство. Познатиот Black sheep џемпер на принцезата Дијана повторно се креира.
Дејвид Бекам пак нé изненади со серија плетени џемпери додека се изолираше со своето семејство во нивниот дом во Котсволдс.
Во продолжение погледнете како и останатите познати личности ја комбинираат шарената плетка во нивните секојдневни комбинации, но и оние подотераните, подговени за настап.