Со зголемувањето на температурите во летниот период, потребна е и поголема грижа и нега на вашата кожа. Високите температури во летниот период можат да ја направат вашата кожа проблематична и сува. Поради тоа, потребно е да направите измени во вашата секојдневна рутина за нега на кожата. Еве неколку совети како да ја заштитите и подобрите вашата кожа.
Користете крема за сонце
Нанесувањето на крема за сонце на вашето лице и тело е еден од првите чекори со кои можете да ја заштитите вашата кожа во летниот период. Преголемата изложеност на сонце може да ја оштети вашата кожа, да предизвика црвенила, изгореници, брчки и предвремено стареење. Можете да користите посебни креми со заштитен фактор за вашето лице и останатите делови од вашето тело кои се изложени на сонце.
Намалете ја шминката
Обидете се да ја избегнете или нанесете шминка во помали количини за време на летните месеци. Топлиот возух го намалува и спречува дишењето на кожата. Носете минимална шминка на вашето лице за да го задржете вашиот природен изглед и убавина и заштитете ја кожа од несаканите акни.
Хидратација на кожата
Лето е период кога на вашата кожа и е потребна хидратација. Употребата на маски за лице, неколку пати во неделата, кои ја хидратираат кожата е одличен начин за задржување на вашата свежина.
Пиењето вода
Водата која ни е воедно и неопходна, ни помага да ја задржиме нашата кожа здрава и мека. Пиењето на вода не смее да се изостави особено во жешките летни денови кога е најпотребно. Не заборавајте да носите вода со вас каде и да одите.