Местоположбата на акните открива што се случува во вашиот организам

Среда, 10 Јуни 2020 10:00
Акни

Областа помеѓу веѓите е всушност многу честа област каде луѓето доживуваат ерупција на мозолчиња. Причината е што оваа област припаѓа на Т-зоната, која започнува од челото и патува надолу од носот до брадата. Т-зоната е една од масните области затоа што има најголема концентрација на лојните жлезди. Лојните жлезди можат да ги заглават порите и фоликулите на влакната и да предизвикаат акни. Ако забележите дека овие акни се појавуваат само во деловите каде се наоѓаат фоликулите на влакната, а не толку многу во пределот без нив, дефинитивно вината е во фоликулите на влакната. Еден од најчестите виновници за запушените пори и фоликулите на влакната помеѓу веѓите е кубење или депилација на веѓите, т.е. се што е поврзано со отстранување на веѓите. Кога ги третирате веѓите, извлечете ги корен. Можете исто така да спречите појава на акни со редовен пилинг и употреба на салицилна киселина во оваа област.

Доколку имате проблем со кожата меѓу веѓите, тогаш можеби имате проблем со рамнотежата во бубрезите, стомакот или црниот дроб. Обидете се да го намалете количеството алкохол, јадењето храна полна со нездрави маснотии и пушењето бидејќи овие навики може да ги оптоварат овие органи. Исто така бидете внимателни и проверете дали имате нетолеранција кон млечни производи и житни култури.

Промените на челото укажуваат на тоа колку е успешно нашето тело при елиминирање на отровите. Најчесто ќе забележите акни на челото по период на константно журкање. Доколку се појават на врвот на челото, тогаш ја претставуваат состојбата на бешиката, доколку се на средина укажуваат на варењето, а доколку се помеѓу веѓите, тогаш зборуваат за состојбата на црниот дроб. Ако се наоѓаат околу веѓите, тогаш станува збор за стрес.