Селена Гомез ја промовира својата веганска козметика за нега на кожата

Петок, 11 Септември 2020 22:00

Современата жена повеќе време посветува за нега на кожата, отколку за тоа како да ги сокрие недостатоците со пудра. Ако на тоа додадеме дека Кајли Џенер стана најмлада милијардерка со основање на брендот „Кајли козметикс“, не чуди интересот за козметика кај пејачките. По Ријана, Лејди Гага, и поп пејачката Селена Гомез лансира козметичка линија, каде ниеден производ не е тестиран на животни и се соодветни за вегани. Освен тоа, не се користат парабен и сулфат.

Првите детали ги добивме уште во август 2019 година, кога Селена на Инстаграм објави дека нејзината козметичка линија “Rare Beauty” („Ретка убавина“), летово ќе се појави на пазарот. Иако изгледаше како вечност чекањето на тој 3-ти септември, сепак времето помина и производите на Селена конечно се достапни!

„Да се биде посебен (rare) значи да се чувствувате добро во вашата кожа. Престанав да се обидувам да бидам совршенa, само сакам да бидам јас. Мислам дека “Rare Beauty” може да биде повеќе од линија за убавина. Сакам да престанеме да се споредуваме едни со други и да започнеме да ја прифаќаме нашата единственост. “Rare Beauty” не е она што другите го гледаат во вас, туку она што вие го гледате во себе. Водечка мисла е да се чувствувате добро, без да го криете она што ве прави уникатни, едноставна и здрава порака што се надевам дека ќе ја гледам во се повеќе и повеќе брендови за убавина во иднина“, напиша Selena на Инстаграм објаснувајќи ја суштината на нејзиниот бренд.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rare Beauty by Selena Gomez (@rarebeauty) on

Засега, производите од овој посебен проект на кој се работеше две години може да се купат во „Сефора“ или преку официјалната веб-страница Rare Beauty, а во понудата може да најдете се што ви треба од декоративна козметика, но и некои додатоци како четки за шминка. Новостите околу линијата за убавина може да ги следите на официјалниот профил “Rare Beauty” на Инстаграм, кој само за неколку минути од објавата на Селена, почнаа да го следат повеќе од еден милион луѓе, што не чуди имајќи во предвид дека Селена е една од најпопуларните личности на оваа социјална мрежа со повеќе од 193 милиони следбеници. 

Селена Гомез

Веднаш доби поддршка од познати имиња во модниот свет, како Allure Magazine, каде ќе се појави во октомвриското издание претставувајќи ја својата линија производи.

Селена ГомезСелена ГомезСелена ГомезСелена ГомезСелена ГомезСелена ГомезСелена Гомез