Практични совети за секојдневно шминкање кои ќе ви го олеснат животот

Вторник, 03 Ноември 2020 10:00

Без оглед дали се обидувате да се справите со правилното нанесување на тушот на окото или карминот постојано ви се брише од устата веднаш по првото ставање, ви подготвивме 10 практични совети за шминка кои мора да ги испробате. Затоа, зграпчете го несесерот со шминка и продолжете да читате.

Совет за шминка #1: Стопете го моливчето за да му помогнете да се лизга на вашата кожа

Трикови шмикање

Кремастите производи за шминка подобро се блендираат на кожата кога се загреани. Значи, ако моливчето ви е суво и ви го повлекува очниот капак стопете го малку пред да го користите. За да го сторите тоа, држете го врвот на моливчето само неколку 1-2 секунди под пламенот на запалката или додека не стане лепливо, оставете го да се олади малку (пробајте го на вашата рака за да бидете сигурни дека не е премногу врел или стопен) и потоа можете со леснотија да го нанесете.

Совет за шминка #2: Користете бел ајлајнер за вашата сенка да изгледа живописно

Трикови шмикање

За да направите помалку пигментирана сенка за очи да изгледа поживописно на вашиот капак, прво изблендирајте бел молив за очи врз целиот очен капак. Потоа, ставете ја сенката за очи на местото каде што сте го ставиле белиот молив.

Совет за шминка #3: Исцртајте ја прво формата на мачкиното око

Трикови шмикање

Ако се борите да го усовршете изгледот на вашите мачкини очи, пробајте прво да ја исцртате формата која ја посакувате, а потоа да ја исполните. Повлечете линија над долната линија на трепките за да ја создадете насоката на долната линија, а потоа одлучете се за дебелината што ја сакате и проследете ја горната линија од крајната точка до горната линија на трепките. Откако ќе ја обележите формата од двете страни и сè изгледа симетрично, пополнете го преостанатиот простор.

Совет за шминка #4: Користете лажица како заштита од маскарата

Трикови шмикање

Ништо не е подосадно од тоа да ја нанесете вашата сенка за очи и таа да изгледа совршено, а потоа да се исцрните со маскара и да го уништете целиот ваш труд. Затоа, држете лажица за да си го прекриете очниот капак, а потоа ставете ја маскарата како што би правеле вообичаено. Лажицата ќе ви помогне сенката за очи да се задржи совршено нанесена и на место.

Совет за шминка #5: Зацврстете ја бојата на усните со хартија и пудра

Трикови шмикање

За боја на усните што трае со часови, само поставете парче хартија на устата на која веќе сте го нанеле карминот, а потоа нанесете малку пудра во прав над горниот дел за да ја зацврстите бојата од пукање или размачкување. Пудрата во прав сама по себе може да ја смени нијансата на карминот, но користењето на парче хартија како штит ќе го заштити од осветлување или менување на текстурата.

Совет за шминка #6: Користете ја рачката на четка како водич за контура

Трикови шмикање

Лицето на сите е различно обликувано, така што онаму каде што вашата другарка може да ја прави својата контура, можеби не е најдобро место за вас и вашето лице. За да процените каде треба да го нанесете бронзерот или контурата, превртете со молив, пенкало или рачката на четката за шминкање веднаш под коската (директно под коската) за да го пронајдете вистинскиот агол за вашето лице.

Совет за шминка #7: Нанесете го коректорот во форма на триаголник

Трикови шмикање

Ако сакате навистина да го осветлите подрачјето под очите, престанете да го нанесувате вашиот коректор во форма на точки и обидете се да го нанесете во триаголна форма. Нацртајте ја основата на триаголникот директно под линијата на трепките, а врвот насочен кон јаболчниците. Ова помага целосно да се сокријат сите црвенила и сенки за да се создаде илузија на посветли подочници.

Совет за шминка #8: Загрејте го виткачот за трепки со фен за коса

Трикови шмикање

Направете свој загреан виткач за трепки со дување топол воздух на вашиот виткач за трепки. Додадената топлина ќе им помогне на трепките побрзо да се виткаат и да ја сочуаат формата подолго. Почекајте додека не се излади малку, но сепак да е топол (тестирајте го на внатрешноста на раката за да не се изгорите на очниот капак), а потоа извиткајте ги трепките.