Поправете ги скршените сенки за очи и приспособете ги за повторна употреба

Четврток, 30 Јули 2020 20:00

Веројатно на сите ни се случило ненамерно да ги испуштиме од рака палетата со сенки за очи, руменилото или камената пудра, кои за неколку секунди се наоѓаат на подот искршени на ситни парчиња. 

Можеби ви се чини дека единствено решение во таквите ситуации е да ја фрлите целата сенка или да се исфрли тоа што е изронето и неупотребливо и да се дотроши она што сте успеале да го зачувате од вашата сенка за очи, која кратко ќе трае. 

Шминка

Можете да изгубите голема количина од продуктот. Во многу брзо време ќе имате потреба од повторно купување на истиот производ, а тоа е сосема непотребно трошење пари.

Постои многу едноставно и брзо решение како вашите скршени шминки да ги составите и прилагодите за нивна повторна употреба, без да бидете во загуба. Погледнете го видеото и следните неколку чекори за како тоа да го изведете.