Направете сами: Природен сапун со цимет и тиква за 10 минути

Недела, 15 Ноември 2020 20:30

Кожата е нашиот најголем орган! Најголем, но за жал и најчесто потценуван како помалку важен од другите. Многумина мислат дека сапуните се премногу агресивни и дека не е добро кожата да ја миеме со сапун. Меѓутоа, добро формулиран сапун со внимателно одбрани состојки може во некој случај да биде подобар и од обичен гел или купка за миење на телото.

Нашето омилено есенско овошје, ни дава неверојатен број на можности да го искористиме. Таа е главната состојка на вкусните и миризливи пити, чорби, креми, пилинзи, балсами и маски за коса. Претпоставувате, тоа е тиква, се разбира. Ако уживате во DIY, денес имаме интересна идеја за вас - правење домашен сапун од тиква. Сапунот од тиква помага при мрсна кожа, прави длабока хидрација без да предизвика мрсење на кожата и кожата е чиста и здрава.

Состојките што ќе ви бидат потребни за оваа DIY авантура веројатно се веќе во вашата кујна, а за само 10 минути ќе имате целосно природен производ кој ќе биде нежен за вашата кожа. Без парабени, сулфати и други штетни состојки кои можат да ја исушат кожата и особено да ја оштетат во текот на зимските месеци, сапунот од тиква е природна заштита на вашите раце од студ и сушење.

Сапун

Состојки:

  • база за сапун од шеа путер
  • боја за сапун по ваш избор
  • калап за сапун
  • зачин од тиква
  • цимет (по желба)
СапунСапун

Подготовка:

Исечете ја базата за сапунот на помали парчиња со нож и ставете ја во микробранова печка. Наместете на околу 30 секунди, за да се растопи. Добро промешајте за да добиете хомогена стопена смеса. Во растопената основа додадете 2 лажици зачин од тиква, цимет и неколку капки боја за сапун. Ако сакате поинтензивна боја на сапун, додадете малку повеќе боја, и тоа е во секој случај опционална варијанта. Не мора да се грижите дали бојата ќе остави трага на вашите раце, бидејќи таа е специјално дизајнирана да се мие кога ги миете рацете. Истурете ја добиената шарена смеса во калап и оставете да се излади (мин. 30 мин).

СапунСапун

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Петок - 02:02 - Љубов во неговото друштво