Направете сами: Домашен балсам за усни од природни состојки

Четврток, 12 Ноември 2020 10:00

Студеното време ни носи проблеми во форма на сува кожа и испукани усни. Ако сте некој што не може да ја замисли зимата без еден куп балсами за усни во вашата торба, денес ќе ви откриеме како лесно можете сами да направите домашен балсам за усни за само 10 минути. Нежен, хидрантен и богат со хранливи состојки, ќе ги задржи вашите усни меки, мазни и совршено заштитени од студените есенски и зимски денови.

Балсам за усни

Покрај тоа, ако ви треба идеја за празнични подароци за најблиските, овој природен балсам е идеално решение. Најдоброто од целата приказна е фактот дека штом ги совладате почетните чекори, ќе можете да правите милион различни верзии!

Потребни состојки:

  • 3 лажици пчелин восок
  • 2 лажици шеа путер
  • 4 лажици кокосово масло (бадемово, маслиново)
  • 10-20 капки есенцијално масло по желба (лаванда)

Начин на подготовка:

Во стаклен сад, стопете ги пчелниот восок, шеа путерот и кокосовото масло (околу 30 секунди) во микробранова печка. Мешајте додека се соединат сите состојки и добиете хомогена смеса. Потоа додадете есенцијално масло, мешајќи. На крај истурете ја добиената мешавина во калап за балсам и оставете да се излади пред првата употреба.

Балсам

Од овој основен рецепт за правење балсам за усни добивате цврста форма што омекнува при допир со усните, а која е совршена за секојдневна употреба и кратки пакувања. Исто така, доколку сакате помека или посјајна верзија, намалете го количеството пчелин восок и додадете повеќе течно масло.