Негуваните раце треба да бидат истакнат квалитет на секоја девојка која внимава на својот изглед. Украс на убавите раце се негувани нокти.
Погледот на околината не ретко запира токму на вашите раце, па освен основната нега, заслужуваат да им пружите и додатен третман за целосен изглед.
Ова лето актуелни се повеќе техники со кој можете да ги стилизирате вашите нокти, зависно од вкусот одберете го вашиот фаворит.
Монохроматски
Најчест избор на оние кои претпочитаат едноставен изглед, во една боја, или иста боја во повеќе тонови.
Колор-блок
Тренд актуелен неколку сезони, спој на повеќе бои во една комбинација најчесто во јасни геометриски форми. Оваа техника дава простор за голема креативност и играње со разни бои, форми и дезени, па затоа не досадува. Претежно се тоа сите свежи и интензивни бои кои ги носи сезоната, со кои ноктите потсеќаат на Лего коцки.
Новиот француски
Модерни варијации на класичниот француски маникир. Претежно стилизирани со колоритен метод.
Апстрактни
Несомнено техника која бара најголема посветеност. Зависно од вкусот се изведуваат омбре, графички, точки, линии, анимал принтови. Најчесто бараат рачно цртање разни дезени.
Минималистички
Стил кој го избираат класичните дами. Најблизу до монохроматски, но со задолжителни детали, за истакнување на оригиналноста.