Изгледајте како Џенифер Лопез: Пристигна козметичка линија со нејзин потпис

Вторник, 08 Декември 2020 20:30

Пејачката, актерка и претприемач Џенифер Лопез продолжува да ја гради својата империја. Иако не е ново лице во светот на козметиката, бидејќи нејзините парфеми фантастично се продаваат со децении, таа конечно реши да ги почести обожавателите со нешто што и тие долго го посакуваа. Латино дивата деновиве ја претстави козметичката линија со потпис на нејзиниот бренд „J.Lo Beauty“ и објави рекламна кампања со која ја слави разновидната убавина.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Пред неколку години создаде цела низа производи за шминка со брендот за убавина „Инглот“, па многумина очекуваа нова палета на сенки или кармини со нејзиниот потпис. Сепак, реши да започне целосно ново поглавје во нејзината кариера, со линија за нега на кожата и да споделува тајни со жените ширум светот, што ја прави кожата да изгледа беспрекорно дури и на педесет и една година кога станува збор за нега на кожата.

„Ова го чекав долго време. А всушност ова беше спонтано движење на настаните. Ова не е само бизнис проект, ова е 30-годишен сон. Луѓето постојано ме прашуваат што употребувам од препарати, која козметика, така што тоа беше причината и инспирацијата. Очекувам конечно да можам да ги споделам моите тајни за убавина со вас", им порача на следбениците 51-годишната дива.

Џенифер Лопез

За лансирањето на нејзиниот нов деловен потфат, Џенифер се одлучи за интересен датум - 01.01.2021 година, додека обожавателите веќе од 08.12. можат да резервираат однапред за купување на официјалната страница.