Гвинет Палтроу покажува како се шминка во туторијал за „Вог“

Петок, 02 Април 2021 10:00

Холивудската актерка Гвинет Палтроу во последните години повеќе е посветена на животниот стил и нејзиниот проект goop.com, здравиот живот и издавање книги за готвење, отколку на глумата. Негата на лицето е проект на оскаровката, која преку својата лајфстајл компанија „Goop“ влезе во бизнис со козметичкиот бренд Juice Beauty и како креативен директор на одделот за шминка има своја линија на органска козметика која ги задоволува и веганите. Карен Бенки, извршната директорка на Juice Beauty, брендот за органска нега на кожата кој постои повеќе од десет години, признава дека долго размислувале за развивање на декоративна козметика, што се реализирало со доаѓањето на Гвинет. Колекцијата на Палтроу со фито-колор пигменти содржи 78 кармини, руменила, сенки за очи, пудри и друг производи богати со антиоксидански, а цените се движат од 22 до 42 долари.

Погледнете кои омилени производи ги користи шармантната актерка за да ги покрие несовршеностите на лицето и да постигне свеж изглед.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 08:08 - Другар му ќе ти се пушта