Победниците во категориите за коса, шминка и костуми оваа година на „Еми“ наградите претставуваа едни од најамбициозните и најинвентивни дела за разубавување.
Шминката во серијата 'Euphoria' беше вистински визуелен празник за љубителите на убавината и навистина ја долови и ја дефинираше естетиката на оваа генерација. Од небесно сини капаци во комбинација со најразлични апликации, до веѓи обликувани со циркони и геометриски налепници за лице, со сјајни солзи - шминката на шоуто беше разнобојна, светкава и навистина воочлива и интересна. Doniella Davy е жената артист задолжена за креирање и визуелизација на целосниот визуелен идентитет на главните хероини. Претходно таа има работено на “Moonlight” и “If Beale Street Could Talk”, исто така наградувани филмови за визуелни ефекти.
Серијата ги рефлектираше и ги постави глам-трендовите на Инстаграм во реално време и создаде бранувачки ефект низ пошироката модна индустрија, особено сезоната пролет-лето 2020 каде што изгледот на Меди, Џулс, Кеси и Ру беше во целосен ефект. Тешко е да се запамети кога последен пат една телевизиска серија имала исто толку културно влијание врз убавината како првата сезона од 'Euphoria'.
За да ја прославиме исклучително заслужената победа, ќе се вративме низ архивите за убавина за да ги разгледаме најдобрите изгледи од шоуто и да ви помогнеме да ги постигнете во домашен амбиент.
Небесно сините циркони на Кеси
Овој изглед на Кеси во епизода осум со капаци исполнети со циркони е момент на чиста фантазија.
Производи употребени за креирање на изгледот:
Едноставните, нежни облаци на Џулс
Џулс има најчуден стил на убавина од сите ликови во серијата, честопати спортски шарени и разиграни форми се наоѓаат околу нејзините очи. Всушност, секој пат кога таа носи нова облека, има нова шминка. Еден од нив е овој едноставен, но впечатлив дизајн на облак од епизода три.
Производи употребени за креирање на изгледот:
Тажните светкави солзи на Ру
Доколку прв пат работите со светки, мејкап артистот на самата серија, Дејви споделува лесен трик за апликација – Ситните светки кои имаат силиконска база најдобро се нанесуваат врз мат сенки, додека покрупните светки кои се на база на гел најдобро се нанесуваат директно на кожат, без притоа да нанесете било каква шминка во прав или како база можете да искористите некоја кремаста, леплива сенка во боја.
View this post on Instagram“I’m so happy” - Rue, Euphoria, Episode 1. #euphoriahbo #euphoriahbomakeup
Производи употребени за креирање на изгледот:
Златните лисја на Џулс
Мејкап артистот од серијата за овој изглед вели - Сакав да предизвикам нешто етерично, романтично и готско. Притоа додава совет – Пазете да не се смеете или дишете премногу тешко додека го држите контејнерот со златни листови во близина, или снегулките веднаш ќе излетаат насекаде по собата!
Производи употребени за креирање на изгледот:
Зелените капаци на Кет
Едноставен, но смел еднобоен изглед, со нежни „измачкани“ усни. Поради воочливиот изглед на очите, нанесете го вашиот неутрален кармин со прстот и натапкајте го избегнувајќи остри линии.
Производи употребени за креирање на изгледот:
Сјаен болдиран ајлајнер на Меди
Производи употребени за креирање на изгледот: