Кога посетувањето на салоните за разубавување не ни претставува дел од секојдневието како некогаш, а сепак сакаме да си посветиме внимание и нега на самите себе, еден од најинтересните начини е усовршувањето на домашниот маникир. Направивме избор на едни од најлесните, а сепак највпечатливи дизајни на нокти кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат.
Златни светкави ленти
View this post on Instagram
Ова е навистина премногу лесно! Користете златен лак за нокти со тенка четка за исцртување, повлечете го надолу по центарот на ноктите, нанесете го горниот заштитен слој и спремни сте за следниот предизвик.
Бели точки
View this post on Instagram
Во овој случај, дефинитивно помалку е повеќе. Ние ја сакаме едноставноста на овие неутрални нокти со бели точки. Едноставно, неутрално, а сепак впечатливо!
Дијагоналнo засекување
View this post on Instagram
Употребете ја било која боја на лак! Едноставно повлечете со четката дијагонално преку ноктот и оставете да се исуши. Доколку сакате подинамичен изглед, како основа нанесете една боја, а дијагоналното засекување направете го со контрастна боја.
Виолетов градиент
View this post on Instagram
Ако немате трпение за „сложената“ уметност за нокти, но сепак копнеете за привлечен дизајн, испробајте ја оваа опција на градиент. Едноставно нанесете различна виолетова нијанса на секој нокт - одличен контраст на кој не можеме да му одолееме!
Неутрална палета
View this post on Instagram
Со првите денови на есента, лесно се впуштаме во убавината на неутралните земјени тонови. Одберете 2-3 неутрални бои на лак и нанесете ги наизменично на секој нокт. Толку едноставно!