Постојат многу бои со кои можете да блеснете во Новогодишната ноќ.
Нијанси на жолти, портокалови, црвени, виолетови, кафеави и секако маслинесто зелени тонови. Но, ниту една боја не е погламурозна од златната, и не ја опишува подобро убавината на дочекот на новата година. Кога станува збор за женската убавина, златната боја е секогаш добро прифатена. И на самото заминување на годината, се чини како совршен шлаг на тортата, за употреба во форма на шминка.
Златната сенка е тренд што е општо прифатен речиси секоја празнична сезона. Трае долго правилно пигментираната нијанса, и изгледа убаво во најширокиот спектар на комбинации. Златната боја додава свечен префинет тон, и се чини дека не можете да погрешите со тоа. Без разлика дали ја користите оваа боја за да потенцирате други тонови или е во вашиот центар на внимание, златната боја изгледа безвременска.
Речиси е невозможно да се најде боја со која златото не може да одговара. Без разлика дали сакате повеќе неутрални или впечатливи тонови, златната боја изгледа одлично со црвени, портокалови и виолетови тонови кои и даваат префинет изглед.
Исто така, доколку изберете помеки тонови, ќе и дадат можност на златната боја да доминира. Тоа ќе и даде елегантен изглед на вашата класична гардероба, додека идеално ќе се вклопи и во многу стилска облека.
Вашата инспирација побарајте ја во нашата галерија.