Дефинитивно 2020 година не тече според нашите очекувања, но едно нешто што може да ни го подобри расположението низ сето ова е шминката. Сега повеќе од кога било е совршено време да експериментирате со нова шминка, да испробате впечатливи бои и максимално да се забавувате. Може да се нашминкате по дома и да направите одлични фотографии за Инстаграм или да поминете време во усовршување на вештините за кои обично немате време и трпение. Ги издвојуваме трендовите кои несомнено ќе ја обележат 2020:
Живописен тренд за шминкање на долниот капак
View this post on Instagram
Наместо целиот фокус да биде на горниот капак од окото, сега префрлете ја забавата на долната линија. Сè што треба да направите е да ставите светла и смела боја на долниот дел од окото, во линија на трепките, притоа комбинирајќи ја со онаа од горниот капак или пак избирајќи сосема контрасна боја. Ова е супер лесен начин да додадете забавен елемент во вашиот изглед.
Сјаен тренд на сенки
View this post on Instagram
Здосадени ви се веќе сенките во прав? Овој тренд на шминкање во 2020 година - сјајни капаци – изгледа навистина свежо и разиграно, а потребно е половина од вообичаеното време кое го посветувате на шминкање. Додадете неколку точки сјај за очи точно над линијата на трепките, а потоа користете го прстот за да го изблендирате кон наборот на капакот.
Тренд на шминкање со маскара во боја
View this post on Instagram
Време е да ја одморите вашата црна маскара и да експериментирате со овој тренд на шминкање со обоена нијанса на трепките. Ако мислите дека не можете да ја износите светло-розевата маскара како оваа на сликата, наместо тоа, ставете слој на темно-сина или зелена маскара. Трепките ќе ви изгледаат природно на прв поглед, но сепак ќе предизвикаат мноштво заинтересирани погледи.
Неонски тренд на шминка
View this post on Instagram
Сè повеќе неонскиот тренд што го гледаме по нашите социјални мрежи станува заморен. За среќа, работите добиваат нова, минималистичка промена со овој тренд на шминкање во 2020 година. Наместо да нанесувате неонска сенка на целиот капак, обидете се да ставите неонска сенка само во аглите на вашите очи за брз и едноставен, а сепак вистински впечатлив изглед.
Тренд за шминкање со „лебдечки“ ајлајнер
View this post on Instagram
Вашиот ајланер не мора повеќе да се држи строго до линијата на трепките. Погледнете го изгледот на Шеј Мичел кој изгледа тотално кул, а притоа како да не вложила премногу напор за креирање на истиот. Одлична комбинација за незаборавен мејкап изглед.
Тренд на шминкање кој наликува на акварел
View this post on Instagram
Ова акварелско око на Хантер Шафер е веројатно најубавиот тренд за шминкање во 2020 година што ќе го видите. Изгледа меко, разиграно и многу нежно. Притоа, не мора да се држите само до една боја. Изберете една боја за вашиот внатрешен агол, друга за центарот на капакот и последна боја за надворешната третина од капакот, и ќе добиете впечатлив многубоен интересен изглед.