Што сè треба да знаете за бразилскиот кератински третман на косата?

Недела, 09 Август 2020 10:00

Кератин е протеин кој помага во зајакнувањето на косата и помага да се спречи прекршувањето, кинењето и оштетувањето од топлина. Кератинот е од витално значење за одржување на силна и здрава коса.

Кератин

Што е кератин?

Кератин е структурен протеин кој се наоѓа во нашата коса, кожа и нокти. Исто така, најчесто се наоѓа во производите кои помагаат во зајакнувањето на косата. Но, третманот со кератин е всушност привремен третман за измазнување и дополнителен сјај на косата. 

Третманите функционираат добро на повеќето типови на коса и се препорачува за секој што сака трајно да ја исправи косата и да го засили сјајот.

Дали третманот е безбеден?

Една од најзагрижувачките причини при употреба на овој третман е тоа што во салоните се користи една од најтрадиционалните формули во кој е пронајдена основната состојка која дава мазен изглед на косата, а тоа е формалдехид.

Формалдехидот е всушност канцерогена состојка. Во повеќето салони ќе ве натераат да седите во проветрена просторија за време на процесот со кератин, за да не бидете изложени на хемикалии.

Како третманот реагира на природната кадрава коса?

Третманите со кератин успешно резултираат на повеќето типови коса. Особено за кадрава коса која целосно ќе се изедначи и ќе добие повеќе сјај. Кадравата коса, потешко ја рефлектира светлината од природната права коса, така што ќе забележите повеќе сјај по вашиот третман со кератин.

Друга дополнителна придобивка е тоа што ќе ја задржи бојата на свежо обоената коса.

Колку трае третманот?

Клучното правило кое треба да го следите во третманите со кератин е да ја избегнете водата и фризурите кои ќе ја прекршат косата најмалку три дена од почетокот на третманот. Не би сакале да ризикувате да создадете непотребни прекршувања во ново-исправената коса.

За да може третманот да трае што е можно подолго и да имате подолготраен резултат, користете шампон без сулфат.

Резултатот од овој третман може да трае и до 6 месеци, но треба да имате предвид дека кератиските третмани не даваат исти резултати на секоја коса. Резултатот зависи од начинот на кој се остварува овој третман како и квалитетот на состојките кои се користат.