Седа коса во младоста – еве ги причинителите

Петок, 13 Ноември 2020 15:00

Ако мислите дека сте единствените чија коса рано почнала да посивува, не сте во право. Раните проседи се всушност многу чести и освен што се доживува како непријатна појава, тоа исто така може да биде знак за некоја состојба или процес во вашето тело. Откако ќе се појави првото бело влакно, потребни се околу 20 години за косата целосно да побеле.

Недостаток на витамин Б12

Б12

Според експертите, недостаток на витамин Б12 е најчеста причина за рано побелување на косата. Исто така, може да доведе до проретчување и опаѓање на косата. За да го избегнете ова, проверете дали храна како јајца, говедско, туна и лосос се присутни во вашата исхрана. Исто така, може да консумирате и Б12 витамини како додатоци во исхраната.

Проблем со тироидната жлезда

Тироидна

Вашите проблеми со тироидната жлезда директно влијаат на фоликулите на вашата коса. Ако забележувате абнормалности како кршлива или мрсна коса, како и рано посивување на косата, тоа може да се должи на дисфункција на тироидната жлезда.

Конзумирате повеќе нездрава отколку здрава храна

Храна

Запоставувањетоа на здравата исхрана може да придонесе за  добивање на оние дополнителни нијанси на сиво во вашата коса. Различни студии направени по ова прашање откриле дека феритин, калциум, витамин Д-3, бакар, цинк и железо можат да ја одржат вашата коса здрава - додека недостатокот може да доведе до рано белење на косата.

Грижа и стрес

Стрес

Раното посивување на косата е поврзано и со стресот. Стресот влијае на матичните клетки кои се одговорни за регенерација на вашата коса, што доведува до појава на сиви влакна.

Наследни фактори

Генетика

Да, можеби ќе ги наследите тие бели влакна од вашите родители и баби и дедовци. Според дерматолозите, нашата генетика игра огромна улога во одредувањето на многу состојби, па и тоа кога ќе добиеме сиви влакна на косата. Ако некој од вашето семејно стебло рано имал седа коса, постои можност и вие да го доживеете истото.

Производи за коса со хемикалии и штетни бои

Хемикалии

Од шампони до бои за коса, повеќето производи за коса може да доведат до седа коса. Штетните хемикалии присутни во нив го намалуваат нивото на меланин, со што вашата коса почнува да ја губи својата природна боја.

Избегнете предвремено појавување на седа коса

Вистина е дека штом станете седи, нема да можете да ја вратите оригиналната боја на косата, освен секако со префарбување. Сепак, постојат мерки што можете да ги преземете за да спречите вашата коса да стане седа предвремено.

  • Заштитете ја косата од оштетувањето на сонцето. Покријте ја главата кога и да излегувате, можете да користите шешир, капа, чадор.
  • Избегнувајте пеглање на косата и користење на фен за коса.
  • Четкајте ја косата користејќи широка четка за коса.
  • Редовно масирајте ја косата и скалпот со кокосово масло.
  • Вклучете зелка, кељ, бадеми, сок од морков и брокула во вашата исхрана.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 15:15 - Имаш големи шанси кај неа