Прекријте ги седите влакна со состојки што ги имате дома

Петок, 04 Декември 2020 10:00

Седата коса сигурно е при врвот на листата најлоши изненадувања за секоја современа жена. Ќе се согласите дека никогаш претходно не сте размислувале за седата коса, додека не го пронајдовте првото седо перче и непријатно се изненадивте. Тогаш сфаќате дека вашата борба со нив допрва започнува. Дури и ако дотогаш ја боевте вашата коса, сега тоа е неопходност, што повеќе не ви причинува некое особено задоволство.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nikol Johnson Sanchez | Beauty (@freshbeautystudio)

Ако не сте меѓу ретките кои ги прифаќаат своите седи прамени и ако ви треба малку повеќе време да ја прифатите промената која ви се случува, ви го посветуваме денешниот текст. Иако сребрено-сивата коса може да изгледа навистина убаво, денешната жена има избор дали и кога сака да и се препушти. Денес ви откриваме како можете да ги покриете седите влакна во удобноста на својот дом, на сосема природен начин со комбинација од црн чај и кафе.

Состојки:

  • 2 лажици лисја црн чај
  • 1 лажичка црно кафе
  • 1 чаша вода

Подготовка:

Загрејте ја водата до вриење и додадете ги лисјата чај и кафето во прав. Оставете да отстои неколку минути и малку да се излади. Нанесете на косата, особено на коренот и израснатиот сед дел. Оставете да делува околу еден час. Исплакнете со топла вода. Не користете шампон за време на првото миење. Повторувајте ја постапката барем еднаш во две недели.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nikol Johnson Sanchez | Beauty (@freshbeautystudio)

Црниот чај остава трага која ја потемнува косата, а во комбинација со кафето има фантастично покривачко дејство врз седите влакна. Затоа, ако имате природно црна или кафена коса, бидете сигурни дека вашите седи влакна нема да се забележуваат. Покрај тоа, црниот чај ја потхранува косата, и дава неверојатен сјај и ја прави поеластична.