Познати личности кои докажуваат дека бојата на косата го менува целиот изглед

Петок, 26 Јуни 2020 13:56

Велат, жените кога сакаат промени, тргнуваат од косата. Па, доколку сте во таков животен период кога ви треба промена, летото и косата се совршена комбинација да го направите тоа.

Најпрво треба да бидете сигурни дека навистина сакате да ја смените бојата. При тоа, размислете што очекувате и каква промена ќе ви донесе новата боја во вашиот живот. Повеќето жени веднаш ја фаќаат четката, кога ќе забележат или кога едноставно ќе посакаат да направат мало обновување на бојата или да направат некакви мали корекции, за да се спасат од уште едно одење во фризерскиот салон. Обновувањето на бојата е успешно само доколку косата веќе пораснала. Пречестото бојадисување не само што во најчест случај резултира со темни краеви, а светли врвови, туку и до оштетување на косата. И без разлика дали сте храбри со боите или бирате неутрални тонови, секогаш е најдобро да се посоветувате со професионален фризер. Косата е најубавиот и најпривлечниот дел од женското лице, која прави да се чувствувате пријатно и секси.

Доколку немате идеа за вашата фризура, ние ви нудиме изобилство од предлози за сечиј вкус, стил и тип на коса со промените на фризурите кои познатите дами ги одбраа за себе. Одберете го фаворитот и блеснете:

Kelly ClarksonLucy LiuZendayaKylie JennerZooey DeschanelShailene WoodleyLeighton MeesterMarion CotillardKate HudsonIskra LawrenceScarlett JohanssonMandy MooreSelena GomezEmilia ClarkeChrissy TeigenEmma StoneSophie TurnerMaisie WilliamsEmma StoneKristen StewartSerena WilliamsCate BlanchettEmma RobertsLauren ConradAnne HathawayDakota JohnsonBethenny FrankelKaty PerryHilary DuffNatalie Portman

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 16:16 - Наскоро ќе ти прати порака