Холивудските sвезди прават да изгледа толку лесно - скратете ја косата и изгледајте феноменално.
Очигледно деновите поминати во карантин за Мајли Сајрус беа инспиративни во однос на правење музика, но и стилизирање на фризурата. Оваа година, се чини, донесе многу промени за оваа млада девојка, а фризурата е само една во низата.
Нејзината мајка Тиш беше главната фризерка задолжена за креирање на новата фризура, додека имаа и малку виртуелна помош од познатата стилистка Сали Хершбургер. Со текот на годините на нејзината музичка кариера, Мајли често го менуваше стајлингот и изгледот на косата, а она што овојпат треба да го забележиме е дека нејзината моментална фризура навистина и одговара. Обликувана за врамување на лицето на пејачката, всушност делува како убав додаток на нејзиниот целосен изглед.
Стилистката Сали рече дека добро ја „истренирала Тиш“ и дека е многу задоволна од постигнатите резултати. Комплетното искуство е документирано од апликацијата FaceTime и може да се види на страната на Вог, а за да ви откриеме што покажуваат снимките доволно е да се каже дека Сали користела модел со коса, каде прецизно и дава инструкции на Тиш како чекор по чекор да отсекува прамени од косата на нејзината ќерка и со какви потези да ги пресече. Модерен, карантин тип на шишање и правење фризура, кога не сте во можност да посетите професионален фризерски салон.
Крајниот резултат е кратка фризура која популарно се нарекува - пикси мулет (pixie mullet). Токму таа фризура сега добива на популарност, и се чини е омилената есенска фризура на многу славни Холивудски лица. Дали ќе се префрли трендот и на уличната мода, останува да видиме.
Ирина Шајк
Халси
Кара Делевињ
Скарлет Јохансон
Зендаја
Ријана
Били Ејлиш
Би се осмелиле ли на ваква промена?