Новата фризура на Дуа Липа предвесник за фризура на годината

Сабота, 09 Јануари 2021 10:00

Освен на музички план, Дуа Липа диктира трендови и кога е модата во прашање.

Со почетокот на новата година, не израдува соработката со британската модна библија Вог, кој е предвесник на она што ќе ја одбележи годината, кога се работи за мода, стилови и дизајн.

Водејќи се според тие инструкции, по се изгледа годинава ќе преовладуваат русите нијанси и кратките фризури, незаменливата боб и класичната пикси фризура.

Во едиторијалот за февруарското издание, Дуа се појавува во повеќе изданија, наговестувајќи ги токму овие трендови.

За празниците ни подаруваат и туторијал за танцување, според инструкциите на Дуа.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Целата модна приказна е претставена во различни изданија и стилови, со една заедничка цел и порака - прифаќање и славење на различностите.

Она што го сподели Дуа од својата приватна фото архива со нејзините следбеници, се моменти помеѓу снимањата, каде гордо позира со нејзината нова русокоса кратка боб фризура, која несомнено ќе предизвика лавина исти фризури наскоро да гледаме на улиците.