Нов тренд за боење на косата - AirTouch воздушна техника

Недела, 08 Ноември 2020 10:00

Дали сте подготвени за нов тренд кога станува збор за боење на косата оваа есен?

Тоа е новата AirTouch воздушна техника која создава прекрасна мешавина од посакуваните тонови на вашата коса. Техниката е всушност повеќе од едноставна, а ефектот што го создава е неверојатен. Вашата коса станува ваш нов адут и изгледа неверојатно природно и покрај техниката на боење.

Тајната е во следново - стилистот зема дел од косата во рака, ја повлекува надолу и затегнува, а потоа со фен ги потиснува пократките прамени навнатре и наоколу. Тогаш саканата боја се нанесува на преостанатата коса. Резултат? Апсолутно совпаѓање на бојата со ефектот на природен изглед, во комбинација со мека димензија која ќе го преживее растот на косата. Феноменално решение за освежување на сивите есенски денови.

AirTouch техниката постигна огромен успех бидејќи е значително различна од која било друга техника за боење на косата. Ја засени познатата Балајаж техника која до неодамна беше на самиот врв на најбараните методи за боење на косата. AirTouch започна револуција кога станува збор за боење на косата. Со помош на фен за коса, се елиминира целата коса каде не е неопходно боење, и останува совршен контраст со ново-обоените прамени.

Без оглед на бојата што ќе ја изберете, резултатот е фантастичен. Косата изгледа неверојатно природно, како некој нежно да и пристапил на вашата коса со четка за боење, оставајќи добар дел од косата каква што е, што го даде идеалниот конечен изглед. Ако барате нов изглед на вашата коса, можеби AirTouch техниката ќе биде таа што ќе ви даде сензуален изглед оваа есен.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 15:15 - Имаш големи шанси кај неа