Покрај облеката, големо внимание посветуваме и на модните додатоци кои го збогатуваат целосниот изглед.
Доколку сакате промена со вашата фризура, притоа без да ја менувате бојата или должината на вашата коса, употребете моден аксесоар кој одговара на вашиот стајлинг.
Марама
Доколку ја најдете соодветната марама која одговара на вашата облека, може на едноставен начин и без да вложувате многу време и напор да ја направите вашата фризура да изгледа шик. Марамите имаат италијански шарм и особено доаѓаат до израз испреплетени во коса.
Венче за коса
Исто како и марамите, венчињата може да дадат посебен и интересен изглед на вашата фризура.
Шапки
Шапките се голем моден тренд за ова лето кои истовремено ве штитат од сонцето. Различните модели ви овозможуваат да ги прилагодите за разни пригоди.
Украсни шноли
Сеуште актуелен тренд кој ни се чини ушто долго нема да досади.