Како природно да ја спречите појавата на првут

Вторник, 17 Ноември 2020 10:00

Постои општо верување дека првутот е предизвикан од суватa кожа на скалпот. Сепак, ова е мит бидејќи првутот се појавува на прекумерно мрсна кожа, а малите бели лушпи што наликуваат на снегулки и живеат на вашата кожа почнуваат да растат додека се хранат со маслото од кожата. Битка со првутот води секое петто лице во светот. Ако се соочувате со овој здодевен проблем, нема потреба да купувате скапи препарати за да го отстраните бидејќи постојат домашни лекови кои ќе ви помогнат да се изборите против првутот без да ги испразните џебовите.

Кора од портокал со сок од лимон

Кора од портокал со сок од лимон

Кората од портокал содржи калциум, магнезиум и витамин Ц кои позитивно влијаат на вашата кожа. За отстранување на првут, рецептот е следен:

  1. Земете кора од портокал, исецкајте ја на тенки ленти и ставете ја во сад. Потоа, исцедете сок од лимон во него.
  2. Испасирајте ги состојките додека не добиете паста.
  3. Нанесете ја пастата на вашиот скалп и оставете ја да отстои 30 минути.
  4. Измијте со шампон.

Аспирин измешан со шампон

Аспирин измешан со шампон

Аспиринот содржи салицилна киселина која се користи и во шампоните против првут. Се верува дека е една од најуспешните состојки во борбата против првутот, благодарение на неговата способност да ја ексфолира кожата и да спречи прекумерно замрсување.

Изгмечете неколку таблети аспирин во ситен прав и измешајте ги со дел од вашиот редовен шампон. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја неколку минути, а потоа исплакнете ја.

Банана со оцет

Банана со оцет

Потребно ви е 1 банана и 2 чаши јаболков оцет. Излупете ја бананата, додадете јаболков оцет и измешајте го сето тоа добро додека не добиете паста. Потоа, нежно масирајќи втријте ја оваа смеса во вашата коса и обидете се да нанесете на целата површина. По 20 минути исплакнете ја со топла вода и вашиот редовен шампон.

Кокосово масло со лимон

Кокосово масло со лимон
  1. Загрејте 2 лажици кокосово масло и измешајте со две лажици сок од лимон.
  2. Нанесете ја смесата на скалпот и нежно масирајте ја косата со неа.
  3. Оставете 20 минути и потоа измијте со шампон.

Јогурт измешан со сок од лимон

Јогурт измешан со сок од лимон

Јогуртот работи ефикасно за сите типови на коса и помага во борбата против првутот доколку се нанесува како маска за коса. Направете мешавина од јогурт и малку сок од лимон и нанесете ја на вашата коса како маска 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Лук со мед

Лук со мед

Лукот е познат по своите антифунгални својства. Неколку чешниња лук, испасирани и измешани со 1 лажица мед со конзистентност на паста служат како добар лек против првутот. Само нанесете ја оваа паста на коренот од вашата коса и оставете ја 15 минути. Потоа измијте со шампон.

Пред да нанесете каков било лек, не заборавајте да направите брз алерго-тест

Тест

Пред да нанесете некоја од состојките на вашиот скалп или кожа, направете тест за да бидете сигурни дека не сте алергични на некоја од компонентите. Нанесете мала количина од смесата што би ја користите на вашиот скалп, на мала површина од вашата рака, оставете ја 10-15 минути, измијте го местото и почекајте 24 часа.

Ако кожата на вашиот зглоб остане непроменета, без никакво чешање, печење или црвенило, тоа значи дека не сте алергични. Ако забележите промени во состојбата на кожата по 24 часа, не ставајте ја смесата на косата или скалпот.