Веќе неколку сезони наназад, боб е дефинитивно најпопуларната фризура. Оваа фризура го шокираше општеството уште во 1909 година, кога за прв пат беше создадена од полскиот фризер Антоан де Париз во Франција, и оттогаш е во мода. Повеќе од еден век подоцна сè уште е една од најпосакуваните фризури, без разлика за која ќе се одлучите. Без разлика дали станува збор за долг боб наречен лоб, брановидна до рамена или со остри рабови, вашиот избор ќе се забележи, а вашиот изглед ќе биде совршен.
Ако се одлучите оваа сезона боб да биде вашата нова фризура, ви нудиме совети од младата холивудска актерка Zoey Deutch, која и самата ја скрати својата долга коса во боб фризура. Иако е добра за секој тип коса, особено е соодветна за оние што имаат тенка коса. Бидејќи се работи за кратка фризура, немате многу опции за користење додатоци за коса како би ја разбиле монотонијата. Затоа Зои ви предложува лесни и едноставни начини за стилизирање на боб фризурата кои можете да ги изведете и дома, и кои нема да ви одземат многу време. Имаме целосна доверба во модните избори на Зои, со оглед на тоа дека секое нејзино појавување на црвениот тепих и разни свечености е поздравено и одобрено од модните критичари.
Доколку сакате да го освежите вашиот изглед, а барате нова фризура, со боб ќе направите одличен избор. Не е важно дали вашата коса е права, виткана, тенка или густа, постои соодветен предлог за секој тип на коса, како и за секој животен стил.