Барем еднаш во животот, секоја жена сигурно се запрашала: "Дали би изгледала добро со кратка коса?". Сепак, многу дами се плашат да се разделат со своите долги коси, бидејќи ако ја добиете погрешената фризура ќе мора да чекате со месеци додека повторно не порасне до посакуваната должина.
Ние ќе споделиме со вас еден генијално едноставен трик кој ќе ви помогне да откриете дали кратката коса ќе ви стои добро.
Магичниот метод, наречен The 2.25" Rule („Правилото 2,25“) го открил Џон Фрида, славен британски стилист и основач на неговата сопствена марка производи за нега на коса. Според него, еден линијар, молив и огледало e сé што ви треба за да утврдите дали кратката фризура ќе ѝ прилега на вашата форма на лице.
„Аголот на јаболчницата е одлучувачки за тоа дали ќе ви одговара кратка фризура или не. Многу е лесно да се открие дали твоето лице е погодно за кратка коса или не. Се што ви треба за тоа се линијар, молив и огледало“, вели познатиот фризер Жил Робинсон, кој работи како главен стилист во салоните John Grieda во Британија.
За да ја испробате оваа едноставна формула, потребно е да го направите следново:
- Ставете молив под брадата хоризонтално, а потоа поставете линијар под увото вертикално. Треба да добиете агол од 90°;
- Измерете го растојанието од долниот дел на увото до точката каде што се пресекуваат моливот и линијарот. Ако оваа висина е помала од 2,25 инчи или 5.5 см, тогаш на вашето лице одлично би му прилегала кратка коса. Ако е подолг од 5.5 см тогаш долгите локни се посоодветен избор за вас.
Погледнете како оваа формула работи на веќе познати ликови и нивните фризури - Мишел Вилијамс и Лив Тајлер.
Кратката коса совршено одговара на лицето на Мишел, додека Лив изгледа неверојатно со долги прамени. „Сè е во аглите“, вели Џон Фрида.
Стилистите велат дека овој метод е сигурен и точен. Значи, ако си поигрувате со идејата за пократка коса, посегнете по линијар и молив и измерете ги пропорциите на лицето. Или едноставно игнорирајте ги сите правила и направете го она што ве прави среќни!
Каков е вашиот резултат?