Дневна рутина за нега на права коса

Петок, 25 Декември 2020 20:50

Негата на косата на дневна основа е исклучително важна, за да нејзиното здравје, убавина и бујност се на задоволително ниво.

Исто како вашата кожа, и вашата коса бара постојаност. Ако имате создадено здрави навики околу негата што одговараат на видот и потребите на вашата коса, ќе ги одржите косата и скалпот здрави. Наспроти верувањaтa на многу луѓе, правата коса не е лесна за одржување. Ако е тенка често е склона кон кршење, заплеткување и паѓање, особено ако е долга. Според советите на професионалните стилисти за коса, денес пробуваме да ви олесниме во вашата дневна рутина за нега на права коса.

Главната предност на правата коса е тоа што природните масла од скалпот патуваат рамномерно по должината на косата, обезбедувајќи заштита. Сепак, поради тоа, честопати има тенденција да изгледа масно. Но, со соодветна грижа и нега, можете да ја направите вашата права коса привлечна.

Коса

Миење

Најважно кај правата коса е да се мие со шампони кои не содржат сулфати. Овие шампони нема дополнително да ја мастат вашата коса и да ја направат тешка. Миење со шампон се препорачува до двапати неделно, за природните масла да не се лачат непотребно од косата и со тоа таа да се суши.

Нега

Грижата за права коса вклучува употреба на балсами со кокосово и арганско масло кои ја хидрираат и ја хранат косата по целата должина. Не е препорачливо да се нанесува регенератор на скалпот, бидејќи тоа ќе придонесе за масен изглед на косата. Околу десет сантиметри од скалпот сè до краевите на косата, е должината што треба да ја третирате.

Стилизирање

Користете пена за коса за да и дадете волумен. Пената треба да се нанесува на влажна коса и да се исуши природно. Во зима, можете да користите фен за коса со опција за ладење, комбинирајќи топол и ладен воздух за минимално оштетување.

Премногу мазната и права коса е неблагодарна за правење плетенки бидејќи тие имаат тенденција лесно да се расплетуваат. За да се справите со овие проблеми, користете спреј за коса за да додадете текстура на вашата коса.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Петок - 15:15 - Ќе биде како порано