Модата инспирирана од 70-тите години на минатиот век во моментов е во тренд, па токму затоа и оваа фризура е една од најбараните за оваа сезона. На модниот тренд инспириран од безвременската Брижит Бардо, не одолеа ниту Аријана Гранде, препознатлива по тоа што косата секогаш ја носеше во високо опавче со многу волумен. На изненадување на нејзините обожаватели, оваа недела промовираше ултра гламурозна нова фризура на својот Инстаграм профил, токму со француски шишки кои благо се разделени на средината и потсетуваат на завеси, кои нежно паѓаат и убаво го обликуваат лицето.
Всушност, оваа фризура со долги шишки под јаболчниците и извиткани долги прамени е еден од најголемите трендови за крајот на 2020 година. Многу познати личности, како и нивните стилисти за коса веќе неколку месеци го одбираат овој тренд кој дава нежен и женствен изглед на секоја форма на лице.
Многу причини зошто раздвоените француски шишки се добра идеја за оваа сезона:
Социјалните мрежи и Јутјуб се полни со различни предлози и детални чекори за што подобро сами да се потстрижете.