5 начини како да се справите со опаѓањето на коса предизвикано од стрес

Понеделник, 05 Октомври 2020 14:10

Ако сте еден од многуте луѓе што пребаруваат „Дали опаѓањето на косата е симптом на Ковид?“, според неодамнешните статистички податоци од Гугл трендс, ќе ви биде полесно кога ќе дознаете дека одговорот е - не. Или барем, не во целост. Вистината е дека ако искусувате опаѓање на вашата косата, голема е веројатноста дека стресот што ја придружува светската пандемија може да биде главниот причинител. Верувале или не, стресот е втората најголема причина за опаѓање на косата после генетиката.

Опаѓање на косата од стрес

Нашиот ум и тело, вклучувајќи ја и кожата, се суштински поврзани, тие меѓусебно се активираат од стресот што ги поттикнува воспалителните реакции во телото и кожата. Ако скалпот доживее голем стрес, фоликулот на косата исто така паѓа под влијание. Постојат неколку причини за опаѓање на косата, но доказите сугерираат дека стресот има улога кај сите нив.

Обично, околу 85 проценти од нашата коса е во фаза на растење (наречена анагена), со само 15 проценти во фаза на мирување (телогена). Во време на физички или психолошки стрес, овој сооднос се менува и повеќе од нашата коса оди во телогена фаза т.е. на одмор. Како резултат, два до четири месеци по стресот, можеме да видиме зголемено опаѓање на косата. Нормално е да губите околу стотина влакна од коса секој ден. Но, ако приметите зголемување на количината на истенчување на вашата коса, тоа може да биде резултат на стрес.

Сепак, нема место за паника, постојат голем број начини за лекување и спречување на процесот на опаѓање на косата.

Медитација, внимание и вежби со дишење

Опаѓање на коса

Без разлика дали внимателно се фокусиран на вашето дишење или медитирате 10 минути, сторете што можете за да го тргнете или намалите стресот што го чувствувате во моментот. Можете да направите неколку вежби за дишење во кревет пред да заспиете и кога ќе се разбудите. Вдишете неколку секунди, а потоа издишете неколку секунди за да се обидете да го опуштите вашиот ум. Апликациите кои можете бесплатно да ги симнете на вашиот телефон, како Headspace и Calm исто така можат да ви помогнат со водење низ ефективни техники за дишење и сесии за медитација.

Создадете си позитивно опкружување 

Опаѓање на коса

Околината е навистина битна. Знаеме дека бучната, несредена и загадена средина не помагаат за вашето ментално здравје и бидејќи многумина од нас сега работат од дома, важно е да создадете позитивно опкружување кое ќе ве смирува и инспирира во текот на денот. Одберете си просторијата или катче од каде би работеле и вклучете ги работите што ги сакате и што ве исполнуваат. Отворете си миризливи стапчиња, употребете смирувачки бои и тонови и користете различни текстури - има многу истражувања за тоа како различни текстури можат да влијаат на нашето расположение, пример додека работите седнете на некоја мека перница.

Стимулирајте го скалпот

Масажа скалп

Масажата на скалпот помага во зголемување на протокот на крв и може да ги стимулира фоликулите на косата, а со тоа и растот на косата. Користете масло за коса или третман за згуснување на косата, тие помагаат да се исчисти скалпот додека се стимулира протокот на крв.

Научете како да ослободите напнатост

Планк

За да му помогнете на телото да препознае кога е напнато и да ги замени вродените одговори на вознемиреност и стрес, посветете се на вежби за затегнување на мускулите. Започнете со нозете и стиснете ги сите мускули на секое стапало, држете го пет секунди и потоа ослободете се. Направете го тоа сè до вашата глава. Вашето тело почнува да учи како се чувствувате кога сте напнати наспроти чувството кога сте опуштени и на овој начин можете да го истренирате вашиот ум да ги препознава неговите негативни одговори и да ги замените со позитивни.

Јадете балансирана исхрана

Балансирана исхрана

Експертите се согласуваат дека урамнотежената исхрана е неопходна за здрава коса. Бидејќи диетите од секогаш биле тренд, важно е да се осигураме дека добиваме доволно железо, витамин Д и цинк преку нашите оброци. Можете да користите и додатоци во исхраната кои се обогатени со потребните витамини и амино киселини.