Салма Хајек сподели видео со своето милениче по повод “Светски ден на кучињата”

Петок, 28 Август 2020 21:00

По повод Светскиот ден на кучињата (International Dog Day), мексиканската убавица и познатата актерка Salma Hayek сподели видео на својот Инстаграм профил од нејзе и нејзиното милениче. 

Толку мало видео, а толку многу љубов. Кучето ја “почести” својата сопственичка со еден невешт и многу симпатичен бакнеж. 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) on

Сaлма овој ден го честита на aнглиски и на нејзиниот мајчин јазик. 

“За мене секој ден е Светски ден на кучињата”, вели Сaлма, а ние секако се сложуваме со оваа изјава.

Обожавателите кои ја следат Сaлма Хајек на Инстаграм очигледно не останале рамнодушни на видеото кое го објави таа, па така оставиле “лавина” коментари кои искажуваат љубов.

Освен што некои фанови искажуваат љубов, постои и онаа друга страна, која ја покажа својата љубомора кон нејзиното куче. 

Ова не е прв пат Salma да ја искажува својата неизмерна љубов кон своите домашни миленичиња на овој начин. Претходниот пат таа исто објави видео каде што разменува бакнежи со нејзиното помало крзнено пријателче. 

Порака која ни ја испраќа Холивудската ѕвезда е да не чекаме специјален ден за да ја искажеме нашата љубов кон своите миленичиња, туку да ја славиме секој ден.