Со растот на температурите, растат и нашата жед и потреба од ладни пијалаци. Во улога на најдобар пријател се јавува ладното кафе кое ни го олеснува денот. Освен тоа, во овој период од годината кафето помага во заштита од сонцето, т.е. го намалува оштетувањето на кожата настанато од јаките сончеви зраци, а со тоа штити и од рак на кожата, покажало истражување од 2008 година.

Секој има различни нивоа на кофеинска потреба и толеранција, некои може да бидат посензитивни за внесот на кофеин отколку други. Во просек препорачливо е внес на кофеин под 500 милиграми, што е соодветно на 1 или 2 чаши кафе на ден.

Идеално време за да ја искористете вашата кафе пауза или излегувањето на кафе-муабет е околу 14:30 часот. Тоа е период кога нивото на концентрација е најниско и кога повеќето работници чувствуваат најголем замор во текот на работниот ден, а кортизолот многу лесно реагира на кофеинот, хормон кој ја зголемува будноста.
„Како што не треба да претерувате со лекови, така не треба ни да претерувате со кафето. Треба да го темпирате времето, а не да пиете кога телото е најмногу будно, бидејќи тогаш ќе дојде до контраефект“, објаснува неврологот и научник, Стивен Милер.
Најубавото летно кафе било измислено сосем случајно во 1950-тите од страна на еден вработен во Нестле кој немал топла вода за кафе. Оттогаш Freddo Cappucino е синоним на летото кое обично се сервира во стаклена чаша со изобилство кршен мраз.
Кога асфалтот врие, а вие пробувате да се скриете од сонцето во канцеларија или дома, научете како брзо и лесно да направите фредо веднаш штом осетите потреба од кофеинска инекција.
Се меша инстант кафе и ладна вода, во шејкер или со машина, се додава кршен мраз, во висока стаклена чаша со цевка.
Voilà!