ТОП 5 најбогати миленичиња-инфлуенсери на Инстаграм

Петок, 25 Септември 2020 22:35

Сопствениците на миленичиња кои им отвориле профили на социјалните мрежи, можат да заработат добри пари преку рекламирање на разни производи заедно со нивните кучиња, мачки, ежиња, мајмуни, па дури и свињи.

5. Џунипер

Џунипер е најсреќната лисица на светот. Барем така вели нејзиниот профил на Инстаграм и насловот на нејзината книга, што може да се најде на Амазон. Таа е онлајн сензација и има речиси 3 милиони следбеници. Семејството кое ја посвои во Џунипер е од Флорида всушност ја има спасено лисицата, затоа што таа е национална раса и не може да преживее во шумата. По некое време таа се здоби со нова пријателка, втората лисица, Фиг, која исто така често се појавува на нејзиниот Инстаграм профил. Сопствениците исто така им создадоа веб-страна на која фановите можат да купуваат производи со нивните слики.

Џунипер
 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by JUNIPER & FRIENDS (@juniperfoxx) on

4. Г-дин Барнс

Неговото име е г-дин Барнс, но можеби го познавате и како Туна. Кучето има над 3 милиони следбеници на Инстаграм и е инспирација за безброј мемиња. Кортни Дашер започнала со објавување на слики од своето куче на нејзиниот профил, но по големиот интерес и брзо стекнатата слава на г-дин Барнс, таа одлучила да креира негов личен профил и тоа било голем успех. Дашер ја задржала својата секојдневна работа, но започнала да продава маици и чаши со ликот на г-дин Барнс. Сега тој е главниот приход на семејството.

3. Doug the Pug (Даг д Паг)

Даг д Паг е онлајн сензација. Неговиот профил има 4 милиони следбеници и тој е многу зафатен со социјалните мрежи. Неговиот профил на Инстаграм е преполнет со најразлични креации што тој ги носи, што го направија всушност славен. Личноста која стои зад профилот е Лесли Мосиер, графичка дизајнерка која се откажала од својата работа за да управува со Инстаграм профилот на Даг д Паг. Освен спонзорираните објави, следбениците можат да набават и книги за боење, чаши, кошули и многу други работи. Иако е неизвесно колку заработува Даг, доволен е фактот што Лесли успеала да купи сосема нова прекрасна резиденција.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Doug The Pug (@itsdougthepug) on

2. Шупет

Шупет не е само славна на Инстаграм, туку и помеѓу врвните имиња на модата. Мачката му припаѓаше на Карл Лагерфелд, креативниот ум што стои зад брендовите како Шанел и Фенди. Шупет има речиси 300.000 следбеници на нејзиниот профил. Германскиот дизајнер толку многу го обожаваше своето милениче што сакал да се осигура дека Шупет ќе биде добро откако тој ќе умре. Мачката добила наследство од 3.000.000 американски долари. 

1. Grumpy Cat (Грампи Кет)

Grumpy Cat е една од првите миленичиња-инфлуенсери што ги имаме видено. Со неа има бесконечен број на мемиња, а миленичето има 2,5 милиони следбеници на нејзините друштвени медиуми. Нејзината сопственичка, Табата Бундесен, ја основала фирмата Grumpy Cat Limited, која вреди 100.000.000 американски долари, според изјавите на Бизнис инсајдер. Бундесен порано работела како келнерка, но се откажала од работата и се фокусирала на градење на славата на нејзината мачка. За жал, Grumpy Cat почина во 2019-та година, но Бундсен сепак го ажурира својот профил на Инстаграм секојдневно.

Grumpy Cat

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 10:10 - Телефонски разговор