Дали некогаш сте се запрашале што се обидува да ви каже вашата мачка со мјаукање? И покрај фактот дека има безброј совети кои ви помагаат да ја „прочитате вашата мачка“ - од положбата на нејзините уши до сигналот што ви го испраќа со опашката, сепак во најголем дел од времето сè уште не знаете што и паѓа на ум на вашата мачка. Зарем не би било идеално ако вашиот кожен пријател едноставно проговори?
Оваа необична идеја не само што мина низ вашиот ум, туку послужи и како инспирација за научниците. Не, тоа не е научна фантастика или филм на оваа тема, туку првиот чекор кон дешифрирање на мјаукањето. Поранешниот софтвер инженер на Амазон, Хавиер Санчез, кој сега е проект-менаџер во технолошката компанија Аквалон, со својот последен изум се обиде да ја подигне комуникацијата помеѓу мачките и луѓето на повисоко ниво.
Имено, тој создаде апликација наречена MeowTalk која може да го преведува тајниот јазик на мачките. Да, добро прочитавте. Апликација што може да ве извести што сака вашата мачка да ви каже. На прашањето како дошол до идеја да се занимава со оваа тема, Хавиер вели дека веќе десет години знае дека цела наука стои позади откривање на вокабуларот на мачките.
Пред три години, Хавиер слушна за епизодата на NPR наречена - Тајниот јазик на мачките и се опседна со идејата да направи апликација која мјаукањата ќе ги претвори во човечки говор. Неговото работно искуство му овозможи да ги реализира своите идеи и да ја создаде првата апликација во светот што преведува мјаукање на мачки.
Суштината на апликацијата е да ги преведе мјаукањата на мачките во 9 универзални пораки како - гладен сум, чувствувам болка. Сепак, секоја мачка има единствен начин на мјаукање што го надминува ова решение. Користејќи напредна вештачка интелигенција и машинско учење, апликацијата MeowTalk има за цел да ги преведе уникатните звуци што ги произведува вашата мачка. Во основа учи, како и вие, слушајќи ги звуците што ги произведува вашето домашно милениче.
Сопствениците можат да ги снимаат звуците кои ги произведува нивната мачка и да ја прилагодат апликацијата кога мислат дека преводот бил точен за да ја обучат апликацијата да ги препознава специфичните вокализирање и намери на нивното милениче. Кога ќе и дадете на апликацијата 5 до 10 примери на специфично мјаукање карактеристично за вашата мачка, таа почнува да го препознава мјаукањето и на тој начин „кажува“ што рекла вашата мачка. Најдобро од сè, оваа апликација не е статична, туку се развива со секој превод што го потврдувате. Ги зачувува преводите на мјаукањата на мачката во нејзината меморија, исто како што порано беа напишани зборови во речниците.
Апликацијата оваа недела беше пуштена за сите во Play Store на Android, по што Microsoft официјално ја најави финалната верзија од оваа апликација и за iOS платформата. Апликацијата е достапна во соодветните продавници, односно можете да ја симнете од овој линк за Android, како и од овој линк за iOS.