Сопствениците на популарната скандинавска модна марка Ganni и нивниот стил се олицетворение на дизајнот и изгледот на нивната семејна куќа. Дит и Николај Рефструп уредиле вила во Копенхаген, Данска со целата креативност на уметничка галерија.



Боја, уметност, забава - тројството на принципи на дизајнот што придонесуваат за естетиката на нивната модна марка Ganni, а и нивната семејна куќа.

Како и повеќето скандинавски објекти, куќата има голем број пространи прозорци и стаклени врати за да се внесе што е можно повеќе природна дневна светлина.

„Европејците трошат многу пари на излегување и на добра храна“, вели Николај, „но ние нордијците трошиме многу пари на нашите куќи, затоа што долго време поминуваме внатре во текот на зимата“.

„Сакаме да имаме гости и сакаме да им овозможиме чувство на добредојденост. Наша главна цел е да не се обидуваме да бидеме премногу совршени! Мешање на бои и ткаенини и текстури - истиот пристап што го имам кон модата. Ако имате чувство дека луѓето се чувствуваат опуштено во својот дом, тогаш како гостин се чувствувате добредојдени во него, толку е едноставно“.

Куќата изградена во 1865, парот ја купил во 2018 година, и биле потребни 18 месеци реновирање, за да се добие конечниот модерно-артистичен изглед.

