Годинашното издание на каталогот ИКЕА го одбележува 70-тиот роденден и веќе е тука! За да го направат тоа специјално, роденденот го пресликаа во инспиративен прирачник во подобрен дигитален формат полн со совети прилагодени на најразлични буџети, практични идеи, нови, интересни производи и познати фаворити.
Светот постојано се менува, особено во претходниот период, а дигиталните искуства се повеќе се интегрираат во нашето секојдневие. Прилагодувајќи се на постојано менување на животниот стил и потребите на луѓето, го презентираа најновиот каталог во дигитален прирачник, достапен во секој момент, во кое било време. Пристапот и складирањето се полесни, особено во услови на мал простор.
Секоја страница е исполнета со она што е основата на интересот сите овие години: мали нешта што можат значително да влијаат врз секојдневниот живот. Каталогот IKEA 2021 е инспиративен и полн со совети како да ги направите домовите ширум светот поудобни, попаметни, поодржливи и поубави за сите прекрасни луѓе кои живеат во нив.
Покрај тоа што е попогодно и достапно, дигиталниот каталог нуди уште покреативни решенија и стручни совети за тоа како можеме да го претвориме секој простор за живеење во дом од соништата. Овој продолжен виртуелен прирачник е дизајниран да ги инспирира сите во секое време и на кое било место, земајќи го искуството на оние што го прелистуваат на повисоко ниво. Новите карактеристики, како што се поврзување на производите прикажани на сликите со интерактивни врски, придонесуваат за поинтегрирано и олеснето искуство во купувањето.
Одржливоста е една од главните вредности, па каталогот ИКЕА е третиран како и секој друг производ на ИКЕА. Ова значи дека еколошките и социјалните проблеми се земени предвид во производниот процес, така што каталогот нема да се дистрибуира во печатено издание на адреси на домот оваа година. Оваа одлука претставува значаен чекор кон постигнување на визијата на ИКЕА да стане „клима позитивна“ до 2030 година, истовремено обезбедувајќи неограничена поддршка за сите, во секое време, во трансформација на секојдневниот живот дома. Омилената печатена верзија на каталогот ќе биде бесплатна и достапна од 1 септември во стоковната куќа ИКЕА. Погледнете дел од колекциите.
NESTING IN PROGRESS
AN IKEA HOME ON A BUDGET
THE PERFECT KITCHEN
THE ROOM-REINVENTING SOFA SHIFT
A HOME FOR LIVING LIGHT
A CONSCIOUSLY-CHOSEN BEDROOM
MAKING SPACE TO GET STUFF DONE
MAKING ROOM FOR A BABY
A HOME THAT HAS A PLACE FOR EVERYTHING
THINKING A LITTLE DIFFERENT
CREATE A KIDS ROOMS THAT WILL LAST
MIX & MATCH
SMALL ORGANIZERS
STORAGE SOLUTIONS
Целосното дигитално издание на каталогот е достапно на овој линк.