Паметни трикови како да го продолжите векот на вашата облека

Понеделник, 23 Ноември 2020 16:00

Често мора да се разделиме со нашите омилени работи поради оштетување или неуреден изглед. Многу е полошо кога ова се случува со нови артикли. Затоа, решивме да собереме неколку докажани трикови кои можат да им дадат втора шанса на вашата облека и обувки.

1. Користете нежна турпија за нокти за внимателно чистење на чевли од велур (превртена кожа)

2. Средството за чистење на прозорци ќе го врати сјајот на лакираната кожа 

3. Мешавина од сол и ладна вода ќе ви помогнат да се ослободите од дамките од крв на облеката

4. За да се ослободите од непријатниот мирис, ставете ја облеката во вреќа и оставете ја во замрзнувачот преку ноќ

5. Мешавина од ладна вода и оцет помага да се отстранат дамките на производи од кожа

6. Восокот помага да се отстранат гребнатинките на кожените чевли

7. За да спречите избледување на темни фармерки, додадете оцет и сол во детергентот кога ќе ги перете

8. Свилата можете да ја измиете со додавање на регенератор за коса

9. За чистење на чевли од нубук, измешајте 1:3 амонијак и вода или растворете 1 лажица оцет во 1 литар чиста топла вода

10. Можете безбедно да ги отстраните упките од облеката користејќи брич

11. Антисептик за раце помага да се отстрани мастилото на облеката

Совети

12. Доколку брзате, многу лесно можете да ги испеглате извитканите краеви од вашата кошула со пегла за коса

Совети

13. Чевлите нема да ја загубат формата ако ги наполните со весници

Совети

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 10:10 - Телефонски разговор