Направете празнична магија во домот

Среда, 16 Декември 2020 10:00

Постојат многу начини на кои можете да го декорирате вашиот дом за Новогодишните и Божиќните празници.

Повеќето луѓе се инспирираат од рустикален, рурален, нордиски и традиционален декор, бидејќи се чини дека е најтопол. Од друга страна, понекогаш е пожелно да се додаде шмек на целата приказна. Кога станува збор за глам декор, фокусот е на сјајот, сензуалните бои и светките на секој чекор. Ако сте подготвени да ја дочекате оваа Нова година во малку поинакво опкружување, ќе ви покажеме како да му дадете на вашиот дом гламурозен сјај.

Бои и стилови

Главната насока кон која ќе се стремите ќе биде гламурот, но секако можете да го претставите во модерен, vintage, па дури и многу елегантен стил. Првото нешто што треба да изберете е шема на бои, од најпопуларната розово-бело, како и златна, бела и розова, но исто така зелена и розова со црвен допир. Веќе сфативте дека розовата боја е неизоставен дел од гламскиот Божиќен декор. Ако интензивната розова е премногу за вас, побарајте ја оваа боја во нејзината пастелна варијанта. Во тој поглед, можете да ја комбинирате со нежни сини и бели тонови.

Декорaции

Можете да почнете со украсување на вашиот дом во глам стил од вашата елка. Украсете ја со монистра, бисери, сатенски ленти и сијалички во вашата избрана шема на бои. Сјајните металик детали се исто така добредојдени во целата приказна, бидејќи тие го нагласуваат гламурозниот декор. Покрај елката, на ист начин можете да ја декорирате трпезариската маса, влезот на куќата или тремот. Направете глам венци за врати и прозорци, сјајни венци кои ќе го разубават просторот околу вашето огниште и многу повеќе. Злато, кристали и дијаманти ќе придонесат за глам-ефектот.

Декор