Додавањето зеленило во домот е одличен начин за зајакнување на расположението за време на мрачните зимски месеци. Најдобрите домашни растенија за купување во зима се оние кои ќе ви помогнат да се чувствувате посмирени и посреќни преку комбинација на изглед, мирис и нивни способности за разбивање на токсини.
Освен што изгледаат убаво, домашните растенија исто така можат да намалат до 87 проценти од токсините во воздухот. Овој квалитет на прочистување е неопходен за создавање мирна средина во домот во зимскиот период.
Алое Вера
Растението Алое Вера е едно од најпопуларните домашни растенија. Ова паметно растение навистина вреди да се има дома, бидејќи гелот од растението може да помогне во смирување на акните, изгорениците и сувата кожа.
Лаванда
Клинички е докажано дека лавандата ја намалува депресијата и го подобрува квалитетот на спиењето. Поставувањето на неколку саксии со миризлива лаванда околу вашата спална или дневна соба ќе помогнат во намалување на нивото на стрес.
Сансеверија (Индијанско перо)
Ова растение пред сé навистина лесно се одржува, со други зборови не му е потребно премногу нега, а изгледа прекрасно во домот. Сепак, има и дополнителни придобивки - ослободува влага во воздухот заедно со кислород. Идеално за подобрување на благосостојбата во домот. Погодна е за оние кои не можат да посветат многу време на одгледување растенија, бидејќи ретко се наводнува.
Спатифилум (Женска среќа)
Ова растение ќе ви помогне да го подобрите вашето расположение едноставно со својот нежен изгледа, но има и друга супер моќ. Спатифилумот или попознато како Женска среќа, впива спори на мувла во воздухот, а притоа ослободуваат влага назад во нивната околина. Благодарение на ова растение можете полесно да дишете во затворениот простор. Ги неутрализира отровните гасови како јаглерод моноксид и формалдехид, ја апсорбира електростатичната енергија што ја емитираат техничките уреди и ја претвора во хемиска енергија што ја користат за нејзиниот раст и развој и затоа е многу пожелно растение во домот и канцеларијата.
Слоново уво филодендрон
Ова растение, благодарение на својот прекрасен изглед стана омилено низ објавите на Инстаграм. Сепак, тоа е уште едно неверојатно растение кое првенствено го прочистува воздухот и го зајакнува квалитетот на истиот.
Англиски бршлен
Слично како растението Женска среќа, Англискиот бршлен апсорбира мувла од воздухот, помага во прочистувањето на воздухот во вашиот дом од воздушните честички на фекалните материи, и изгледа навистина магично кога расте и полека почнува да виснува надоле. Особено е корисно да си набават вакво растение оние фамилии коишто пушат внатре или живеат во близина на фреквентни улици, на долните катови на станбени згради или во подруми. Имајте на ум дека плодовите и листовите од бршленот не се безбедни за конзумирање, затоа чувајте го подалеку од дофат на деца и домашни миленици.