На која возраст е најдобро да станете мајка?

Петок, 11 Декември 2020 10:00

Најновите истражувања донесоа добри вести за сите жени во триесеттите кои сè уште не го сретнале својот принц на бел коњ.

Мајка

Студиите покажаа дека децата родени од жени во 30-тите години се многу поинтелигентни, се однесуваат подобро во когнитивните тестови и на повеќето начини ги надминуваат децата родени од мајки во дваесетти или четириесетти години.

Истражувачите од Лондонската школа за економија подолго време го следат развојот на 18.000 британски деца. Истражувањето се фокусираше на влијанието на возраста на мајката врз развојот и растот на нејзиното бебе.

„Жените кои стануваат мајки во триесеттите години, најверојатно ќе бидат пообразовани, имаат поголеми примања и стабилни врски, живеат поздрав живот и ја планираат својата бременост многу однапред“, вели истражувачот Алис Гоисис. Иако жените во четириесеттите години се многу слични, тие имаат далеку помала веројатност да си играат со своите деца отколку помладите мајки, па затоа е многу поверојатно овие деца да станат дебели подоцна во животот.

Заклучок: ако имате 34 години и сè уште не сте го родиле првото дете, не паничете! За неколку години, можеби ќе го родите најпаметното бебе во градот.