587 речиси идентични замоци се чини дека се копирани и залепени еден до друг на овој турски рид, но во нив не живее никој. Тие денес се симбол на пропадната инвестиција за недвижнини во Турција. Инвеститорот Sarot Group прогласи банкрот минатиот ноември.
Замислете пејзаж на високи замоци онолку колку што ви гледаат очите. Звучи воодушевувачки - и тоа е - но веројатно не на начин на кој би помислиле. Овие вили кои навидум изгледаат како да се излезени од Дизниевите филмови се наоѓаат во комплексот т.н. Бурџ ал Бабас и се целосно напуштени.
Сместен приближно на половина пат пoмеѓу Истанбул и Анкара, празниот град се состои од стотици скоро идентични замоци во различни фази на завршување. Инвеститорите имале за цел овие вили да бидат луксузни куќи за одмор на богатите туристи кога започнале со изградба во 2014 година. Сепак, кога компанијата банкротирала во 2018 година, инвеститорите се повлекле од зделката со што изградбата се ставила во мирување.
Досега изградбата чинела 200 милиони долари. Но, наместо грандиозно, повеќемилионско прибежиште, Бурџ ал Бабас се претворил во нешто од дистопискиот роман. Работниците завршиле 587 од предвидените 732 градби на Бурџ Ал Бабас каде имало план за изградба и на киносали, спортски објекти и турски бањи.
Замоците првично биле со цена од 400.000 до 500.000 американски долари, а дел од нив навистина се продале. Но, со неизвесната иднина на проектот, дел од продажбата се откажала.
Главна причина за пропаѓањето на овој проект била ослабената турска лира, деловните субјекти не биле во можност да ги отплатат акумулираните странските долгови за финансирање на големи градежни проекти.
Во 2018 година, Турција ги променила финансиските критериуми за можноста странците да станат нејзини граѓани. Овој потег е направен со надеж дека ќе ги удвои годишните инвестиции кога станува збор за поседување на недвижнини.
„Треба да продадеме само 100 вили за да го отплатиме нашиот долг“, кажува Межер Јерделен, заменик претседател на групацијата „Сарот“. „Верувам дека можеме да ја надминеме оваа криза за четири до пет месеци и делумно да го инаугурираме проектот наредната година.“
Во меѓувреме, овие готски убави замоци седат на ридовите на Турција, како елегантни дами во исчекување.