Прирачник за туристи: Невообичаени културни традиции и манири во државите низ светот

Недела, 09 Август 2020 20:00

Како и јазикот, културните традиции се разликуваат низ целиот свет. Постојат многу културни разлики кои ја дефинираат секоја земја. Секое општество во светот има свои културни традиции кои го идентификуваат нивното наследство и ги прави уникатно различни.

travel

Иако многу луѓе во туристичките области имаат разбирање и одреден степен на прифаќање на луѓе кои не ги знаат правилата, сепак добра е идејата да ги знаете и следите основните принципи на секоја култура.

Јапонија: Оставање бакшиш е навредливо

tips

Оставањето на бакшиш во Јапонија, очигледно не е вообичаена практика како што е во повеќето земји. Бакшишот, како што сите добро знаеме е паричен додаток кој искажува задоволство, знак на благодарност за одлично извршената услуга. 

Како и да е, во Јапонија, оставањето на бакшиш е всушност навредливо. Без разлика дали е во ресторан, хотел или такси, тие не го очекуваат бакшишот и во повеќе случаеви ќе бидете одбиени или ќе бидат збунети мислејќи дека сте платиле повеќе.

Египет: Не барајте дополнителен прибор за посолување

salt

Шансите се големи дека нема да пронајдете прибор за посолување на вашата маса. Но, ако чувствувате потреба да побарате сол, можеби ќе сакате да се подготвите за некој вид на непријатна реакција која ќе ја добиете.

Со тоа што ќе побарате сол му кажувате на готвачот или готвачката дека не ја зачиниле вашата храна правилно.

Франција: Избегнете да подарите шише вино

wine

Носењето на шише вино на забава, прослава или домашно организирана вечера се смета за добар манир на многу места, но не толку во Франција. Носењето на шише вино како подарок, во дом со одлично вино и луѓе кои се разбираат во изборот, испраќа порака дека нивното вино не е доволно добро и може да биде навредливо.

Индија и Кина: Остатоци од храна во чинијата

plate

Бидејќи храната е толку голем дел од патувањето, важно е да ги знаете неколкуте правила на секоја нација. Еден ист гест, во различни држави може да значи сосема различно како на пример Индија и Кина. 

Во Индија, треба да изедете се што е на вашата чинија затоа што се смета за почит кон служената храна. На тој начин покажувате дека храната била вкусна и ви се допаднала.

Истиот тој гест, во Кина е сосема спротивен. Оставањето на празна чинија зад себе е знак дека се уште сте гладни. Ако не сакате да јадете повеќе храна, размислете на тоа да оставите малку храна во чинијата како знак дека ви е доволна послужената храна и добро сте јаделе.

Италија: Не нарачувајте кафе со млеко по 11 часот наутро

coffee

Како секоја култура, така и италијанската, се разликува по неколку специфични правила, а едно од тие е и ритуалот за кафе. 

Во Италија, видот на кафето го одредуваат според времето во кое го пијат. Италијанците обично уживаат во кафињата кои содржат млеко само во утринските часови, никогаш попладне, а особено не после оброк.