Средновековниот замок Llaés кој се наоѓа во Каталонија, е понуден за изнајмување на Airbnb по многу прифатлива цена.
Капацитетот е за 16 лица, а може да го изнајмите за помалку од 22 евра (!) од вечер, и со сигурност знаеме дека ова е единствена можност да се чувствувате како средновековен лик во 2020 година.
Изграден во 10 век, замокот Llaés - прогласен за локалитет од национален културен интерес - се наоѓа во областа Ripollès, помеѓу реките, долините и планините. По сеопфатната реформа за прилагодување на капацитетите кон барањата на руралниот туризам, капацитетот за сместување е до 16 лица. Ова е идеална прилика за семејни патувања, дружење со пријатели, па дури и за свадби! Да, добро прочитавте, замокот има и капела (иако, ако планирате да стапите во брак во неа, прво мора да разговарате со домаќините околу организацијата).
Доколку сакате да престојувате во замокот без да ја потрошите целата собрана заштеда, поканете уште 15 пријатели и ќе треба да платите по 21,50 евра за вечер. Покрај тоа, треба да знаете во случај ако останете една недела, домаќините ќе ви дадат попуст од 25%, а доколку одлучите да останете еден месец, тие ќе ви понудат попуст од дури 50%.
Примамливо, нели?