Во Англија на две локации, Манчестер и Ливерпул, постои кафетерија т.н. Cat Café која ви овозможува искуство каде може да го пиете вашето кафе, притоа галејќи ги нивните 20-тина домашни мачки. Тие се во мисија да ги натераат луѓето да се чувствуваат подобро, посмирено и да излезат од нивниот локал посреќни.
Сопствениците на ова кафуле веруваат дека мачките можат да ни помогнат физички, ментално и емоционално, а истражувањата покажуваат дека слушањето на предењето на мачки може да го намали крвниот притисок, додека галењето мачка може да го забави срцевиот ритам. Значи, со одмор и галење, целта на Cat Café е да им овозможaт на луѓето да станат повнимателни и поприсутни во нивниот секојдневен живот.
Тие всушност создаваат симбиотска врска помеѓу мачките и луѓето, демонстрирајќи ги највисоките стандарди за нега на мачки, додека им помагаат на луѓето со ментални болести и аутизам да пристапат до терапија со помош на животни.
Мачките знаат да се релаксираат. Тие спијат до осумнаесет часа на ден и додека се будни живеат во моментот. Тие секогаш се ставаат себеси на прво место. Се чини дека можеме да научиме многу од нашите пријатели мачки.
Ова задоволство чини 12 фунти на час. За таа цена добивате еден час време за игра или одмор со мачките, плус неограничени топли и ладни пијалоци и можете да останете колку што сакате.
Можете да направите резервација на нивната веб-страна https://catcafe.co.uk/, но не е задолжително, бидејќи секогаш се остава 50% од капацитетот слободен за оние гости кои случајно ќе налетаат на нивниот локал и ќе посакаат да го посетат.
Нудат широко мени со топли и ладни пијалоци, пријатни софи за да се одмарате и галите со мачињата и не постојат ограничувања до кога е дозволено да останете. Сета оваа релаксирачка и смирувачка атмосфера е беспрекорно бегство од стрес.
Cat Café може да ви даде нова перспектива, да ве натера да бидете присутни и да ја освежи и смири урбаната душа.