Пристигна првиот снег на Копаоник. Темепературите под нулата го охрабрија скијачкиот центар да започне со вештачко заснежување со што би се создале услови за отворање на скијачката сезона. Според скијачкиот центар, доколку се задржат ниските температури во наредните денови, Копаоник би можел да се отвори на 3-ти декември. Оваа вест ги израдува љубителите на зимски спортови.