Животот полека се враќа во нормала во повеќето европски земји.
Поради глобалната пандемија, бевме лишени од многу работи, но работите полека се враќаат на нивното место. Апелот да се задржи социјалната дистанца, со цел да се спречи ширењето на Корона вирусот колку што е можно, сè уште е на сила. Со олеснување на мерките, дозволено е да се движиме повеќе и да поминуваме време на отворено.
Воскреснувањето на градовите и нивните жители кои се враќаат на своите работни места и други активности покажуваат свесност за загриженост, но исто така и одлична доза на креативност кога станува збор за мерки на претпазливост. За што се работи? Еден кафе-бар во Германија во градот Шверин им нуди на своите гости можност да уживаат во омилените пијалоци и топлото сонце, со еден мал додаток. Тоа е невообичаена капа, специјално дизајнирана така што гостите го одржуваат потребното растојание меѓу нив.
Капите за глава се всушност многу едноставен проект, создаден од сунѓери што се користат за време на часовите за пливање. Бидејќи луѓето од целиот свет едвај чекаат можност да излезат од својот дом и да пијат кафе во нивното омилено кафуле, оваа иновативна креација е секако со радост прифатена. Кафе-барот наречен „Cafe Rothe Schwerin“ е заслужен за појавата на овие интересни капи кои покрај вообичаеното препорачано растојание, го почитуваат и правилото од 1,5м растојание помеѓу масите, што додава дополнително растојание меѓу луѓето и со тоа им овозможуваат да уживаат без страв од добивање на Корона вирусот.
Сопственичката на кафулето, Jacqueline Rothe го смисли ова практично решение, а ние навистина и симнуваме капа на иновативноста!