7-те најбарани јадења на најславните ресторани со Мишелин ѕвезди

Петок, 30 Октомври 2020 21:30

Постојат ресторани каде што луѓето се подготвени да чекаат со недели за резервација и да патуваат стотици километри за да стигнат таму. Од уникатниот и привлечен изглед на јадењето клиентите добиваат дупло задоволство и се подготвени да платат уште повеќе.

Врз основа на мислењето на критичарите на рестораните, би сакале да ве запознаеме со најбараните јадења од легендарните ресторани.

Печурка од јапонскиот ресторан „Инуа“

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Reine (@lovesthefeed) on

Јапонскиот ресторан Инуа ја подготвува печурката Маитаке цели 5 дена, а потоа ја пушат на црешово дрво, ја варат во мисо и ја послужуваат со ливчиња сакура конзервирани во сол. Ресторанот доби две Мишелински sвезди 2 години по отворањето, благодарение на нивниот готвач германецот Томас Фребел.

Комбуха од шпанскиот ресторан „Мугариц“

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mugaritz (@mugaritz) on

Комбуха со цвеќиња е едно од јадењата со кои шпанскиот ресторан Мугариц, кој го зазеде седмото место меѓу најдобрите ресторани во светот, ги изненадува своите посетители. Десертот се нуди како дел од менито што предизвикува голема љбопитност - покрај комбуха, можете да најдете и црна банана со ракчиња и сладолед од остриги.

Тако од мексиканскиот ресторан „Фрида“

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Grand Velas Los Cabos (@grandvelascabos) on

Најскапиот тако во светот се состои од лангустин, говедско месо, албино кавијар и сирење бри со црни тартуфи. Ова јадење го нуди „Фрида“, ресторан лоциран во мексиканското одморалиште Гранд Велас Лос Кабос.

Десерт од бобинки и цвекло во шпанскиот ресторан „Мугариц“

Бобинки и цвекло

Со цел да се создадат овие огромни меурчиња за јадење, направени од бобинки и цвекло, на готвачот Андони Луис Адуриз му била потребна една година експериментирање.

Кромид печен во сол со диви печурки од данскиот ресторан „АОЦ“

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Restaurant AOC (@restaurant_aoc) on

Оваа модерна скандинавска кујна се базира на користење на локални, сезонски производи. Ресторан со седиште во Копенхаген, кој е награден со две Мишелински sвезди, АОЦ им нуди на своите посетители солен кромид со диви печурки и вин џун.

Школки од ресторанот „Кои“ во Сан Франциско

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Coi Restaurant (@coirestaurant) on

Ресторанот Кои, кој е награден со две Мишелински ѕвезди, го избегнува традиционалниот начин на кој повеќето ресторани служат школки. Канолисот од школка се готви со сланина, магдонос, лук и лимон.

Пилешко во соја сос од Сингапурскиот ресторан “Hong Kong Soya Sauce Chicken Rice and Noodle”

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 👑 HANS DANIALS 👑 (@eatandtreats) on

Најевтиниот ресторан на листата со освоена Michelin star е токму овој, наречен “Hong Kong Soya Sauce Chicken Rice and Noodle”, кој се наоѓа во Сингапур. Стана познат по препознатливото специфично пилешко во соја сос сервирано со ориз, кое чини неверојатни $2.20. Сопственикот на ресторанот, г-дин Chan, нема намера да ги зголеми цените во блиска иднина, само затоа што 'освоил таму некоја награда'.