Учесничките на Мис Мексико 2020 се натпреваруваат во стилизирани народни носии

Четврток, 29 Октомври 2020 20:45

Некои работи никогаш не излегуваат од мода, како традиционалната облека на една земја. Особено земја како Мексико, чија историја и култура се многу богати и шарени, има што да понуди кога станува збор за традиционална облека. Пред неколку дена беа објавени фотографии од овогодинешните учеснички на изборот за Мис Мексико. На секоја од нив се забележуваат прекрасни дизајнерски верзии на традиционални облеки од оваа земја. Не е доволно да се каже дека фотографиите станаа вирални со брзина на светлината.

Сепак, не е само убавината на младите жени и извонредните носии она што е импресивно на фотографиите. Освен што кандидатките се уметници во позирање и облеката навистина ја оживеаја носејќи ја, амбиентот околу секоја од нив е импресивен. Имено, наместо класичните фотографии во студио, фотографите ги одвеле овие млади девојки во природа. На овој начин, тие воспоставија фантастична врска помеѓу земјата и културата.

Во конкуренција учествуваат вкупно 32 девојки од 32 региони на Мексико, од кои гласачите бираат 6 за следниот круг, реагирајќи на нивните фотографии на социјалните мрежи. Покрај тоа, и судиите бираат 6 девојки, па следната рунда ќе биде многу возбудлива. Големото финале на изборот за Мис Мексико ќе се одржи на 31 октомври оваа година.

Погледнете ја нашата галерија и откријте со каква убавина изобилува оваа земја.

Miss Guanajuato, Georgina Villanueva

Miss Estado De México, Perla Franco

Miss Nayarit, Blessing Chukwu

Miss Sinaloa, Elizabeth Vidaña

Miss Guerrero, Isabel Ruíz

Miss Jalisco, Mariana Macias

Miss Querétaro, Valeria Ruíz

Miss Campeche, Jennifer Álvarez

Miss Ciudad De México, Jéssica Farjat

Miss Aguascalientes, Ximena Hita

Miss Chihuahua, Isela Serrano

Miss Oaxaca, Sabrina Góngora

Miss Nuevo León, Evelyn Álvarez

Miss Quintana Roo, Regina González

Miss Durango, Carolina Thomas

Miss Colima, Daniela Ramírez

Miss Michoacán, Karolina Vidales

Miss Chiapas, Rocío Carrillo

Miss Tamaulipas, Naila Navarro

Miss Sonora, Ayram Ortíz

Miss Coahuila, Georgina Vargas

Miss Puebla, Valerie Bartsch

Miss Baja California Sur, Diana Ramírez

Miss Veracruz, Andrea Munguía

Miss Yucatán, Ana Paulina Rivero

Miss Morelos, María Fernanda Hutterer

Miss Hidalgo, Jaqueline Gómez

Miss Zacatecas, Karina Román

Miss Tlaxcala, Fedra Alpés

Miss Baja California, Daniela Pedroza

Miss San Luis Potosí, Daniela Sánchez Acosta

Miss Tabasco, Gildy Reyes

Која мисица е вашиот фаворит?

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Петок - 13:13 - Ќе одите некаде